Поставени фотоволтаични панели на кровот на Народниот музеј во Велес
- На покривот на ЛУ Народен музеј во Велес поставени се фотоволтаични панели за сопствено производство на електрична енергија. Како што информира за МИА директорот Ангел Коруновски, инвестицијата на овој значаен проект е од нивни средства со поддршка на Општина Велес.
Велес, 11 септември 2024 (МИА) - На покривот на ЛУ Народен музеј во Велес поставени се фотоволтаични панели за сопствено производство на електрична енергија. Како што информира за МИА директорот Ангел Коруновски, инвестицијата на овој значаен проект е од нивни средства со поддршка на Општина Велес.
-Со овој проект многу ќе заштедиме на сметките на електричната струја, кои потоа ќе ги пренамениме за други проекти на наша ЛУ Народен музеј, појасни Коруновски.
Инаку со подршка на Општина Велес фотоволтаични панели на покривите за сопствено производство на електрична енергија во изминативе две години веќе поставија сите велешки училишта и локални установи. ад/сст/
фото НУ Народен музеј Велес