• сабота, 05 октомври 2024

Поставени информативни табли за Дреновска клисура, споменик на природата

Поставени информативни табли за Дреновска клисура, споменик на природата
Кавадарци, 28 февруари 2023 (МИА) - Од двете страни на делницата Кавадарци - Прилеп се поставени информативни табли за Дреновска клисура, споменик на природата, информираа вечерва од регионалното еколошко друштво „Еко - живот“, со седиште во Кавадарци. 
 
- На наше големо задоволство, после многу години од кога е прогласена за заштитено подрачје, во 2001 година, после голема деструкција на геоприродното богатство, направивме еден многу мал исчекор, со тоа што поставивме информативни табли од двете страни на делницата Кавадарци - Прилеп, појасни Роберто Паризов, претседател на „Еко - живот“, здружение член на Движењето на екологисти. 
 
Паризов нагласи дека во иднина ќе му посветат поголемо внимание на ова заштитено подрачје, со помош и поддршка од општината Кавадарци и Министерство за животна средина и просторно планирање, со цел поголемо внимание и одговорност кон природата и наследството на идните генерации. свд/ар/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан