• понеделник, 23 декември 2024

Поставена нова урбана опрема на градскиот кеј во Куманово

Поставена нова урбана опрема на градскиот кеј во Куманово

Куманово, 2 ноември 2023 (МИА) - По неколкукратното уништување на урбаната опрема во Куманово, општината постави нова урбана опрема по должината на градскиот кеј, соопштија денеска надлежните.

-Поставени се нови клупи и нова урбана опрема по должина на градскиот кеј изработена од масивни бетонски елементи, со цел поголема трајност и отпорност од оштетување и уништување, а со овој тренд ќе продолжиме и на други локации во градот. Покрај тоа, верувам дека единствено со заеднички заложби можеме целосно да го заштитиме нашиот заеднички имот. Апелирам до сите граѓани, да го чувствуваат и чуваат јавниот имот како свој, бидејќи тој е наменет за сите нас, а воедно да го пријавуваат и осудуваат вандалското и несовесно однесување на поединци кои постојано го уништуваат, повика градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Урбаната опрема постојано е мета на вандали, особено онаа поставена на кејот и на спомен костурницата. Граѓаните бараат видеонадзор, проактивно дејствување на локалните и централните власти и санкционирање на сторителите. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан