• понеделник, 23 декември 2024

„Последна генерација“ им објави војна на богатите

„Последна генерација“ им објави војна на богатите

6 јуни 2023

ДПА

Активистите од групата „Последна генерација“ најавуваат промени. Веќе нема да се држат до патиштата - се свртуваат кон борбата против „богатите“ кои ги сметаат за одговорни за климатските промени. Не се знае за какви акции станува збор.

На 24 мај неколку стотици луѓе учествуваа во демонстрациите на солидарност со неодамна уапсените членови на движењето „Последна генерација“ во Берлин.

По прекинот на акциите на лепење за асфалтот во Берлин, што во изминатите недели беше причина за бројни блокади на патиштата во германската метропола, активистите од групата „Последна генерација“ најавија нова стратегија за претстојниот период.

„Од следната недела наша цел се симболите на модерното богатство. Вака сакаме да укажеме на непромислената екстраваганција на богатите“, се наведува во т.н. „Летен план 2023“ на ова движење, што беше доставен до одредени медиуми. Не беше прецизирано за какви дејствија ќе се работи.

Климатската катастрофа е дело на богатите

Во меморандумот се наведува дека „германската Влада им дозволува на супербогатите да ги уништуваат темелите на животот од ден на ден“. 

„Климатската катастрофа е првенствено дело на богатите“, се наведува во меморандумот.

Во рамките на „Летниот план“ предвидена е пауза за време на летните одмори во повеќето сојузни покраини. Од 7 август активистите - свежи и жешки по одморот - треба да се посветат на нови акции.

Во исто време, центарот на гравитација на нивните акции треба да биде Баварија, каде на почетокот на октомври се одржуваат избори за покраинскиот парламент. Баварија е и германската покраина која досега најстрого се однесуваше кон членовите на движењето „Последна генерација“. На барање на државното обвинителство во Минхен, неодамна низ земјата беше спроведена контроверзна рација против членови на тоа движење.

Примиле речиси половина милион евра донации

Движењето најави дека по репресијата на властите врз активистите, бројот на донации нагло се зголемил. За најкраток временски период на нашите сметки дојдоа повеќе од 450.000 евра донации“, соопштуваат од „Последња генерација“.

Во иднина, како што нагласија, членовите на движењето „подобро ќе се едуцира“ во комуникацијата со новинарите, со цел пред се да се избегнат некои погрешни изјави, какви што се случуваа во минатото. Сè додека не ја завршат таа обука, на активистите им е забрането да контактираат со новинари.

Со своите постапки „Последната генерација“ сака да ја натера германската сојузна Влада да преземе мерки кои би ја забрзале борбата против климатските промени. Овие мерки вклучуваат воведување ограничување на брзината од 100 километри на час на германските автопатишта, како и воведување билет за јавен превоз кој би чинел девет евра месечно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан