Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка
- Делегација од Банката на федералните резерви на Њујорк ја посети Народната банка на Република Северна Македонија заради размена на искуства и јакнење на соработката во областа на меѓународните банкарски услуги и управувањето со сметките на централните банки, соопштија од Народната банка.
Скопје, 18 септември 2025 (МИА) - Делегација од Банката на федералните резерви на Њујорк ја посети Народната банка на Република Северна Македонија заради размена на искуства и јакнење на соработката во областа на меѓународните банкарски услуги и управувањето со сметките на централните банки, соопштија од Народната банка.
Посетата, како што се посочува во соопштението, е важна за соработката меѓу Народната банка и водечките централни банки во светот, истакнувајќи ја нејзината важна улога во стабилноста на регионалните и светските финансиски системи.
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, остварил работна средба со претставниците од Федералните резерви на Њујорк, при што биле разгледани можностите за соработка во областа на обуките и добрите банкарски практики во согласност со меѓународните стандарди.
-Оваа посета претставува важен чекор во продолжувањето на соработката меѓу Народната банка и Банката на федералните резерви на Њујорк, велат од Народната банка. дма/вј/
Фото: Народна банка