• вторник, 05 ноември 2024

Посебен сообраќаен режим за одржување на Струшката Литија

Посебен сообраќаен режим за одржување на Струшката Литија

Струга, 7 мај 2023 (МИА) - Одделението за внатрешни работи Струга ги превзема сите неопходни безбедносни мерки за непречено одвивање на Струшката Литија што ќе се одржи денеска во Струга, во чест на празникот „Свети Георгиј  Победоносец“.

Од СВР Охрид соопштија дека за време на Литијата, во периодот од 16 до 19 часот, забрана за сообраќај ќе има на улиците „Пролетерски бригади“ и „15 корпус“ од каде, ќе се врши пренасочување на сообраќајот по другите улици. Истовремено, како што е наведено, ќе се врши физичко покривање на поширокиот дел од црквата „Свети Георгиј“ како и целокупната траса по која ќе се движи црковната процесија

- ОВР Струга апелира до верниците на достоинствено одбележување на овој црковно-верски настан и доследно придржување и почитување на насоките на полициските службеници, стои во информацијата.Претходно во Општина Струга, градиначалникот Рамис Мерко одржа работен состанок со претставници на полицијата и црквата, на кој беа презентирани безбедносни мерки за физичко и соображајно обезбедување на настанот. сс/цр

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан