Португалецот Сантош на клупата на Азербејџан
- Фудбалската федерација на Азербејџан официјално соопшти денеска 69-годишниот португалски стратег Фернандо Сантош е назначаен за нов селектор на националниот тим.
Баку, 13 јуни 2024 (МИА) – Фудбалската федерација на Азербејџан официјално соопшти денеска 69-годишниот португалски стратег Фернандо Сантош е назначаен за нов селектор на националниот тим.
Федерацијата објави дека главна задача на Сантош ќе биде да создаде конкурентен тим кој ќе се пласира на следното Европско првенство во 2028 година.
Најголемиот успех во кариерата Фернандо Сантош го постигна во 2016 година кога ја предводеше Португалија до титулата европски првак.
Сантош во својата кариера ги водеше сите три најсилни португалски клубови Порто, Бенфика и Спортинг Лисабон, а селектор на Португалија беше од 2014 до 2022 година. Пред тоа ја водеше Грција, а по Португалија кратко време и Полска. ег ФОТО: АФФА/Фејсбук