• недела, 22 декември 2024

Портокалово предупредување по силното невреме во Франција

Портокалово предупредување по силното невреме во Франција

Париз, 18 октомври 2024 (МИА) - Огромни поплави предизвикаа сериозна штета во делови од југоисточниот регион на Франција по повеќедневни дождови. Метео Франс издаде црвено предупредување за шест делови јужно од Лион, но денеска предупредување е намалено на портокалово, што укажува дека нивото на водата повторно ќе се намалува.

- На одредени места во регионот Ардеш паднаа до 700 милиметри дожд за 48 часа. Тоа е повеќе од годишната количина на врнежи во Париз, изјави министерката за животна средина Агнес Паније-Рунашер за БФМ ТВ.

Француските медиуми прикажуваа автомобили, сообраќајни знаци и животни кои беа однесени од поплавата. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан