• понеделник, 19 август 2024

Пороен дожд проследен со слаб град во Делчевско

Пороен дожд проследен со слаб град во Делчевско

Делчево, 18 август 2024 (МИА) - Пороен дожд проследен со ветар и слаб град денеска попладне го зафати делчевскиот регион. 

Врнежите се најизразени над градот Делчево, а од поројниот дожд најмногу настрада улицата која пред една година беше зафатена од поплави.

Поради обилната вода на булевар „Македонија“, полициско возило околу половина час ги насочуваше возилата по алтернативна траса.

Во моментот сообраќајот е нормализиран и истиот се одвива без задржување. вс/вг/

 

Фото: МИА

Остани поврзан