• сабота, 23 ноември 2024

Порното е опасно по здравјето

Порното е опасно по здравјето
Лос Анџелес, 10 јули 2020 (МИА) - Гледањето филмови за возрасни може да биде штетно и опасно за човековото здравје, сметаат стручните лица. Од друга страна пак, некои стручњаци сметаат дека порното може да биде и полезно ако се користи во рамки на образованието. Според нив, порнофилмовите создаваат нереална претстава за сексот. На пример, во нив често се прикажува жесток однос на мажите кон жените, а љубителите на овој жанр можат да развијат и зависност кон овие филмови. - Сексот е здрав, но порното - не е!, категорично вели сексологот Мајкл Флуд. - Многу од тие филмови ја претставуваат агресијата како нешто нормално во општењето меѓу луѓето. Според здравствениот стручњак Меган Лим, порното може да биде штетно, и ако луѓето не располагаат со друг извор на информации за сексот. Многумина гледаат такви филмови уште пред  личниот сексуален живот и за нив, виденото им станува битен дел од сексуалниот развој, а потоа и пракса во реалниот живот. Според Мередит Темпл-Смит, гледањето порно може да доведе до зголемување на незадоволството и фрустрациите околу сопствениот изглед и тело кај некои луѓе. Според неа, порнографијата може да влијае лошо како на оние што гледаат, така и на оние коишто учествуваат во снимањето на сцените. си/

Остани поврзан