• вторник, 13 јануари 2026

Поранешниот премиер на Малезија, Наџиб Разак, осуден за перење пари

Поранешниот премиер на Малезија, Наџиб Разак, осуден за перење пари

Куала Лумпур,26 декември 2025 (МИА) - Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак денеска беше осуден за перење пари за префрлање на повеќе од 700 милиони долари од фондот 1MDB, што е во сопственост на Министерството за финансии, на неговите приватни сметки.

Наџиб негираше какво било кривично дело и рече дека парите на неговата сметка се „политичка донација од Саудиска Арабија“ и дека бил „измамен од финансиери предводени од Лоу Тејк Џо“.

Лоу Тејк Џо, за кој се верува дека е мозокот зад шемата, сè уште е на слобода.

Судијката Колин Лоренс Секера рече дека тврдењето на Наџиб за саудиска донација е „неверојатно“.

Четири писма од наводните саудиски донатори биле фалсификувани, а доказите јасно покажаа дека средствата доаѓаат од фондот 1MDB, рече таа. сд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан