• понеделник, 23 декември 2024

Поранешен директор на ЦИА за Еуроњуз: Хамас мора да биде уништен, тој не преговара

Поранешен директор на ЦИА за Еуроњуз: Хамас мора да биде уништен, тој не преговара

Тирана, 29 октомври 2023 (МИА) - Поранешниот директор на ЦИА, пензионираниот генерал Дејвид Петреус, во интервју за Еуроњуз Албанија зборуваше за израелско-палестинската војна која започна на 7 октомври, во која загинаа стотици луѓе, меѓу кои и деца.

Оценил дека Хамас мора да биде уништен, додавајќи дека Израел мора да излезе со план по војната. 

Според него Хамас е „група која не е во состојба да преговара или да се договори“.

- Се согласувам со раководството на Израел дека Хамас мора да биде уништен. Ова е екстремистичка група, тие не се способни да преговараат или да се договорат. Тие мора да бидат уништени. Целта на Израел е вакво нешто. Сепак, мислам дека би било добро Израел да објави постконфликтен план за преземање на управувањето со Газа. Оваа војна одзеде животи на невини луѓе, изјавил тој за Еуроњуз Албанија. вт/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан