Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур
- Ви посакам најсветиот еврејски празник - Јом Кипур да го поминете, пред сѐ, во добро здравје, исполнети со радост и љубов. Како празник на покајанието, искупувањето и помирувањето, Јом Кипур е живо сведоштво за еврејскиот светоглед и духовност којашто ја облагородува и нашата заедничка татковина, истакнува во пораката Сиљановска-Давкова.
Скопје, 2 октомври 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.
- Ви посакам најсветиот еврејски празник - Јом Кипур да го поминете, пред сѐ, во добро здравје, исполнети со радост и љубов. Како празник на покајанието, искупувањето и помирувањето, Јом Кипур е живо сведоштво за еврејскиот светоглед и духовност којашто ја облагородува и нашата заедничка татковина, истакнува во пораката Сиљановска-Давкова.
Верувам, вели претседателката, дека празнувањето на Јом Кипур е уште една убава можност да ја покажеме сплотеноста и силата на вековното меѓусебно почитување и уважување без разлика на верската или етничката припадност.
-Заедно, посветено и бескомпромисно да продолжиме да ја градиме македонската република како демократска и просперитетна држава и да обезбедиме благосостојба на сите наши граѓани, истакнува претседателката во пораката. дма/са/
Фото: МИА архива