• понеделник, 23 декември 2024

Поради улична трка изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради улична трка изменет режим на сообраќај во Скопје

Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) - Поради одржување улична трка по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, денеска од 16:30 до 19 часот, поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот.

Како што информира ЈСП „Скопје“, трасите на движење се објавени на нивната веб-страница и на Фејсбук.

Лиии 3, 3А и 3Б: во насока од Аеродром кон Клинички центар и Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама. Во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ према центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси

 Линија 4: во насока од населба 11 Октомври кон Хром, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево  по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и  ќе продолжува по својата вообичаена траса. Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, па лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

Линија 4А: во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево  по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“  по својата вообичаена траса. Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“,  десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

Линија 5: во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“  по својата вообичаена траса. Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“,  десно по  булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

Линија 7: во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди“ и  ќе продолжува по својата вообичаена траса. Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по  булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија 15: во насока на Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по  булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди и  ќе продолжува по својата вообичаена траса. Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по  булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

 Линии 21, 21A, 21Б и 22: во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, кај Комплекс банки ќе продолжуваат по булевар „Крсте Мисирков“, лево по булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса. Во обратна насока ќе сообраќа по истата изменета траса.

Линија 23: во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат. Во  обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“ лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија 24: во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по  бул. „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди и продолжува по својата траса. Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“ и ќе продолжува по својата вообичаеена траса.

Линија 27: во насока од населба Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат. Во обратна насока од булевар „Мајка Тереза“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линии  50, 50А, 57 и 59: во насока на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош, од постојка Бит пазар ќе вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, по мост „Гоце Делчев“ и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат по својата вообичаена траса. Во обратна насока ќе се движат по истата вообичаена траса. мд/лв/

Остани поврзан