• вторник, 26 ноември 2024

Поради студот, на Големите езера во САД се појавија „ледени палачинки“

Поради студот, на Големите езера во САД се појавија „ледени палачинки“
Чикаго, 24 јануари 2022 (МИА) - Мистериозни ледени формации кои наликуваат на замрзнати палачинки се забележани во различни делови на езерото Мичиген близу Чикаго, САД. Оваа појава може да се види и на плажата Рејнбоу на југот на езерото. Андреа Вандер Вуд од Лабораторијата за истражување на животната средина на Големите езера при американската Националната океанска и атмосферска администрација на САД вели дека тој мраз е интересен природен феномен бидејќи му треба специфична температура за да се создаде. Според неа, постојат најмалку два главни фактори кои значително придонесуваат за појавата на овие формации на водни тела, што ги има на езерата, реките, но и морињата и океаните. https://twitter.com/i/status/1478380657818705926 - Се создава на вода којашто е покриена со малку кал и ги обликува овие кругови налик палачинки, како што гледате. Можеби тоа е од кршење на мразот, или од силно невреме и ветер, вели Вуд. Научниците истакнуваат дека, обично, ледените палачинки се вообичаени за Арктикот, а во Големите езера се појавуваат само поради силниот студ.  си/ссм/

Остани поврзан