• понеделник, 23 декември 2024

Поради реконструкција на водоводна мрежа вечерва без вода Клинички, Детска болница Козле, Вила Водно и резиденцијални објекти во реон Водно

Поради реконструкција на водоводна мрежа вечерва без вода Клинички, Детска болница Козле, Вила Водно и резиденцијални објекти во реон Водно

Скопје, 25 мај 2024 (МИА) – ЈП „Водовод и канализација“ информира дека вечерва од 21 часот до 05 часот наутро в недела, ќе се спроведе реализација на реконструкција на водоводна мрежа во реон Водно, во кој период без вода ќе бидат дел од жителите од реон Водно и Козле, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, Вила Водно и резиденцијални објекти во реон Водно.

Оттаму додаваат дека за покривање на потребите за вода за пиење во здравствените установи цистерни со питка вода ќе бидат поставени пред Клинички Центар „Мајка Тереза“ и Детската болница „Козле“, додека цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во Дежурната служба на Водовод Скопје, кои на повик ќе гравитираат врз основа на потребите на граѓаните во периодот од 21 до 05 часот.

Од ЈП „Водовод и канализација“, информираат дека реализацијата на реконструкција на водоводната мрежа предвидува целосна замена на старата со нова мрежа, со што, како што посочуваат, ќе се овозможи подобро водоснабдување за граѓаните во овој дел на градот без дефекти и загуби на вода. аа/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан