• сабота, 23 ноември 2024

Поради расистички извици кон Балотели натпреварот Бреша – Лацио извесно време беше прекинат

Поради расистички извици кон Балотели натпреварот Бреша – Лацио извесно време беше прекинат
Бреша, 5 јануари 2020 (МИА) - Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели се пожали на расистички навреди упатени кон него од трибините за време на денешниот натпревар со Лацио од италијанскиот фудбалски шампионат. Натпреварот беше прекинат извесно време по голот на Балотели во 18-та минута, бидејќи напаѓачот се обрати до главниот судија на средбата Џанлука Манганиело. Тој се пожали дека навивачите на Лацио го навредувале на расна основа. Кога навивачите се смирија, натпреварот беше продолжен. Средбата заврши со победа на Лацио 2:1. За потсетување, Балотели беше жртва на расистички крици во ноември минатата година за време на натпреварот со Верона, поради што сакаше да го напушти теренот. зс/

Остани поврзан