Поради пожари за сообраќај затворени регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово и ГП Меџитлија
- Сообраќајот на регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово од 13:30 часот е во прекин за сите видови на возила поради пожар покрај самиот пат, информира АМСМ.
Скопје, 27 јули 2025 (МИА) - Сообраќајот на регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово од 13:30 часот е во прекин за сите видови на возила поради пожар покрај самиот пат, информира АМСМ.
Сите видови возила се пренасочуваат кон автопатот А-4.
Поради пожар, додава АМСМ, од 14:30 часот за секаков вид сообраќај е затворен и граничниот премин Меџитлија. ац/вј/