• петок, 05 јули 2024

Поради одрон блокирана една лента кај село Драмче на патот Делчево - Македонска Каменица

Поради одрон блокирана една лента кај село Драмче на патот Делчево - Македонска Каменица
Делчево, 8 март 2020 ( МИА) -  Една коловозна лента е блокирана од одрон на патниот правец Делчево - Македонска Каменица - Кочани во близина на село Драмче.
- Бидејки одронот се наоѓа пред кривина кај селската продавница при доаѓање од Делчево кон Македонска Каменица, поради мракот карпата не се забележува и постои опасност за возилата и возачите. Ние ја користевме другата лента но треба да се внимава бидејки од спротивната страна доаѓаат возила, велат возачи.
Тие алармираат дека ваквата слика се повторува и на останатиот потег на неколку делници од патот Кочани - Македонска Каменица - Делчево.
Од „Македонија пат“, претходно потврдија дека се запознаени со состојбата на терен и во рамки на можностите се интервенира на критичните места.
Поради дождот сообраќајот на патниот правец Делчево - Макеоднска Каменица - Кочани во текот на целиот ден се одвива по влажни коловози. вс/лв/

Остани поврзан