Поради градежни активности утре времен режим на улица „Тодор Александров“
- Заради извршување на градежни активности за реконструкција на улицата „Тодор Александров“ утре во период од 8:30 до 16:00 часот ќе биде воведен времен сообраќаен режим на потегот од ИЗИИС до
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Заради извршување на градежни активности за реконструкција на улицата „Тодор Александров“ утре во период од 8:30 до 16:00 часот ќе биде воведен времен сообраќаен режим на потегот од ИЗИИС до последна автобуска постојка број 3 на Водно, информираат од ЈП „Улици и патишта“ - Скопје.
Екипите на јавното претпријатие ќе го асфалтираат овој потег со втор слој асфалтна маса ЕСМ и поради асфалтирањето целиот овој потег ќе биде затворен за сообраќај и обележан со соодветна сигнализација до завршување на градежните работи. сст/сп/