• понеделник, 06 мај 2024

Поп Арсова и Мислими победници на трката „Водно 10К“

Поп Арсова и Мислими победници на трката „Водно 10К“

Скопје, 1 април 2024(МИА) – Адријана Поп Арсова од АК Делта и Мухахид Мислими од клубот Ускана се победници на трката „Водно 10К“ одржана викендот во организација на „Семос Едукација“ и со техничката организација на Атлетскиот клуб Фортиус од Скопје.

- Стартот на трката беше од Средно Водно, се трчаше  до манастирот „Свети Пантелејмон“ и назад, со вкупна должина од 6 милји, односно околу 9,6 км., а лани   воведовме и штафета (2x5км) се  трчаше по истата патека и на која исто така беа прогласени победници.  Задоволни сме  како организатори што секоја година има се повеќе и повеќе учесници кои го подржуваат спортот и рекреацијата, изјави за МИА Златко Јакимовски од АК Фортиус.

На трките учествуваа 450 учесници.

Покрај Мислими кој победи со време 30:59 минути на победничкиот подиум се искачија и членовите на клубот Делта, Александар Арсов и Атанас Анчевски.

Кај жените покрај Поп Арсова која победи со време 34:09 минути, на подиумот се најдоа и Милјана Ристиќ и Ирма Хајдари. ад/зс/

Остани поврзан