• сабота, 21 декември 2024

Поплави во Шпанија

Поплави во Шпанија

Мадрид, 29 октомври 2024 (МИА) – Обилните дождови, предизвикани од студениот воздух што се движи низ југоисточна Шпанија, денеска ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области издадоа предупредувања за граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите патувања кои не се неопходни.

Шпанската државна метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвен аларм во Валенсија и второ највисоко ниво на тревога во делови од Андалузија на југот, каде воз излета од шините поради силниот дожд, но никој не беше повреден.

АЕМЕТ предупредува дека најтешко ќе биде погодена Валенсија, каде се очекува да наврнат повеќе од девет милиметри дожд за еден час или 180 милиметри за помалку од 12 часа. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан