• понеделник, 23 декември 2024

Поплавите во Италија предизвикаа штети од милијарда евра, најмногу настрадаа земјоделците

Поплавите во Италија предизвикаа штети од милијарда евра, најмногу настрадаа земјоделците

Рим, 18 мај 2023 (МИА) - Поплавите во италијанската област Емилија Ромања предизвикаа штета од најмалку една милијарда евра, соопшти денеска претседателот на овој регион Стефано Боначини.

Британските медиуми пренесуват дека во  поплавите, што досега ги однесоа животите на 13 лица, особено се погодени земјоделците.

-Веќе проценивме дека штетата од првиот бран поплави е речиси една милијарда евра, можете да замислите колку ќе се зголеми оваа сума со оглед на новата катастрофа, изјави  Боначини, додавајќи дека се уште е рано за прецизни бројки.

Италијанската влада вети дека ќе одвои уште 20 милиони евра за санација на штетите од поплавите, покрај 10-те милиони што претходно ги даде на регионот по првиот бран поплави, кои пред две недели однесоа најмалку два живота.

Производителот на луксузни автомобили „Ферари“, чие седиште е во регионот Емилија Ромања, најави дека ќе уплати еден милион евра за поправка на оваа област.

Здружението на земјоделци Колдирети соопшти дека се поплавени најмалку 5.000 фарми, каде меѓу другото се одгледува и овошје, пченка и други житарки. сд/

Остани поврзан