Поплавена железничката станица во Штутгарт
- Главната железничка станица во Штутгарт денеска е поплавена, а нивото на водата достигна 30 сантиметри откако силното невреме погоди неколку региони, соопшти полицијата.
Штутгарт, 6 јуни 2021 (МИА) - Главната железничка станица во Штутгарт денеска е поплавена, а нивото на водата достигна 30 сантиметри откако силното невреме погоди неколку региони, соопшти полицијата.
Портпарол на полицијата изјави дека запушените одводи делумно придонеле за поплавата.
Во Баварија обилните дождови ги поплавија патиштата во текот на вчерашниот ден, предизвикувајќи и сообраќајни несреќи.
Невремето предизвика и неколку сообраќајни несреќи на автопатите во источната држава Тирингија. паг/