Помпео: САД ја изгубија моќта да ја контролираат Русија
- Помпео, кој беше државен секретар на САД за време на претседателствувањето на Доналд Трамп, престојуваше во Атина на првиот Американско-медитерански инвестициски форум. -Америка е ослабена со инвазијата врз Украина – ја изгубивме нашата моќ на одвраќање против Путин и Украинците, поради што на Европејците и на секој до нас ни е многу полошо, рече Помпео.
Атина, 2 октомври 2023 (МИА) – САД се ослабени од конфликтот во Украина и ја изгубија моќта да ја контролираат Русија, изјави поранешниот американски државен секретар и поранешен шеф на ЦИА, Мајк Помпео.
Помпео, кој беше државен секретар на САД за време на претседателствувањето на Доналд Трамп, престојуваше во Атина на првиот Американско-медитерански инвестициски форум.
-Америка е ослабена со инвазијата врз Украина – ја изгубивме нашата моќ на одвраќање против Путин и Украинците, поради што на Европејците и на секој до нас ни е многу полошо, рече Помпео.
Според негова проценка, „светот стана многу помалку безбедно место откако Џо Бајден ја презеде функцијата претседател на САД“.
-Тоа се однесува на Американците и на граѓаните на сите наши сојузници. Тринаесет Американци загинаа во Авганистан, што е еден од најголемите неуспеси во заштитата на нашите граѓани во поновата историја, додаде поранешниот државен секретар.
Помпео кажа и дека иранските власти сега се многу побогати и помоќни отколку кога тој ја напушти функцијата.
-Нашите пријатели и партнери на Блискиот Исток, Израел и земјите од Заливот се чувствуваат напуштено. А кинеската Комунистичка партија станува похрабра и се подготвува за војна - економска и воена - на начини кои се без преседан, кажа Помпео. сд/