• понеделник, 23 декември 2024

Помпео го спореди Болтон со Сноуден

Помпео го спореди Болтон со Сноуден
Вашингтон, 23 јуни 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа го спореди Џон Болтон со поранешниот разузнавач Едвард Сноуден, кој е обвинет за шпионажа. - Искрено, многу рескира да биде кривично гонет поради објавување на тие информации, изјави Помпео за „Фокс њуз“ пред објавување на книгата „The Room Where It Happened“, која е хроника на Болтон за неговите 17 месеци поминати во Белата куќа, како советник на американскиот претседател Доналд Трамп. Помпео додаде дека објавувањето на такви информации претставува „закана и удар врз САД“. Болтон во книгата го опишува Трамп како некомпетентен, невнимателен и опседнат со неговиот реизбор. ми/

Тагови

Остани поврзан