• петок, 08 ноември 2024

Помош од ОН за жртвите на циклонот Харолд во јужниот Пацифик

Помош од ОН за жртвите на циклонот Харолд во јужниот Пацифик
Женева, 14 април 2020 (МИА) - ОН одлучија да издвојат 2,5 милиони долари од фондот за итни случаи, за да им помогнат на илјадници луѓе во јужната пацифичка островска држава Вануату, која беше погодена од циклонот Харолд. За време на циклонското невреме на 6 април имаше неколку свлечишта на најголемиот остров Еспириту Санто, а беа погодени и Соломонските острови, Фиџи и Тонга. Според локалните медиуми, во невремето загинале повеќе од 20 луѓе, а уништени се повеќе куќи, згради и земјоделски култури. Во соопштението на претставникот на ОН, Стефан Дујариц, се истакнува дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изразил „длабоко сочувство со жителите на јужните пацифички острови“ и ја изразил својата подготвеност да ја поддржи обновата на уништената нација. Во извештајот на локалната канцеларија на ОН во Вануату, се проценува дека околу 90 проценти од жителите на провинцијата Санма, која беше најпогодена, останале без покрив над главата. јт/

Остани поврзан