• понеделник, 23 декември 2024

Помладиот брат на принцезата Дијана се разведува по 13 години брак

Помладиот брат на принцезата Дијана се разведува по 13 години брак

Лондон, 10 јyни 2024 (МИА) - Помладиот брат на починатата британска принцеза Дијана, Чарлс Спенсер (60) се разведува од сопругата Карен по 13 години брак.

- Тоа е исклучително тажно. Сега само сакам да им се посветам на моите деца и внуци, а на Карен ѝ посакувам многу среќа во иднина, изјави тој за „Дејли мејл“.

Според медиумите, на бракот наводно му пресудиле мемоарите во коишто Чарлс открива дека доживеал физичко и сексуално злоставување во интернат и секакви други работи. Неодамна тој изјави дека работата на мемоарите толку многу го погодила што морал да побара стручна помош.

Чарлс и Карен се во брак од 2011 година. Тие се венчаа два месеци по кралската венчавка на принцот Вилијам и Кетрин - Кејт Мидлтон. Ја имаат 12-годишната ќерка Шарлот Дијана. Карен има уште две ќерки од претходниот брак со холивудскиот продуцент Марк Гордон, а Чарлс има шест деца од првите два брака со Викторија Локвуд и Керолин Фројд.  си/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан