• недела, 06 октомври 2024

Пол Милсап ќе го напушти Бруклин

Пол Милсап ќе го напушти Бруклин
Њујорк, 21 јануари 2022 (МИА) – Триесет и шестгодишниот Пол Милсап и Бруклин се договорија за предвремен прекин на соработката. Според инсајдерот Шамс Чаранија, Нетс му ветиле на ветеранот дека ќе го трампаат во тим каде што ќе има повеќе можности да се докажува. Четирикратниот „Ол-стар“ кошаркар се појави на 24 натпревари оваа сезона, со просек од 3,4 поени и 3,7 скока по натпревар. Ова се најслаби индикатори во неговата кариера. Милсап последен пат играше на 13 јануари, а претходно - на 27 декември. Напаѓачот ја пропушти вчерашната средба со Вашингтон „од лични причини“. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан