Полска, Чешка и Шведска сакаат Русија да биде исклучена од плејофот за СП 2022
- Полското Министерство за спорт сака да го откаже квалификацискиот натпревар со Русија за Светското фудбалско првенство 2022 година.
Варшава, 27 февруари 2022 (МИА) - Полското Министерство за спорт сака да го откаже квалификацискиот натпревар со Русија за Светското фудбалско првенство 2022 година.
Според „Przegląd Sportowy“, полскиот министер за спорт Камил Бортничук ќе се сретне со претседателот на ФИФА Џани Инфантино во Цирих во вторник или среда.
Бортничук сака да го убеди Инфантино да го откаже баражот за пласман на Светското првенство во 2022 година против Русија.
Фудбалската федерација на Полска, Шведска и Чешка денеска испратија заедничко писмо до ФИФА во кое бараат Русија да биде исклучена од плејофот.
Претходно сите овие селекции објавија дека одбиваат да играат против Русија во квалификациите за СП 2022 година.
Според ждрепката, Русија во полуфиналето треба да игра со Полска, а во случај на победа да се сретне со подобриот од мечот Шведска – Чешка. зс