• петок, 05 декември 2025

Полската тенисерка Ига Швјонтек ноќеска ја победи Италијанката Јасмин Паолини во финалето на турнирот во Синсинати.

Полската тенисерка Ига Швјонтек ноќеска ја победи Италијанката Јасмин Паолини во финалето на турнирот во Синсинати.

Синсинати, 19 август 2025 (МИА) - Полската тенисерка Ига Швјонтек ноќеска ја победи Италијанката Јасмин Паолини во финалето на турнирот во Синсинати.

Натпреварот траеше 1 час и 50 минути и заврши со резултат 7:5 и 6:4.

Дваесет и четиригодишната Полјачка имаше девет аса, седум двојни грешки и шест конвертирани брејк топки од шест можности.

Дваесет и деветгодишната Италијанка имаше две грешки на својот втор сервис и четири конвертирани брејк топки од 10.

Швјонтек ја освои својата втора титула во 2025 година и 24-та во нејзината кариера.

Турнирот во САД се играше за награден фонд од 5,2 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан