• петок, 22 ноември 2024

Полноќ со изгрејсонце над Антарктикот

Полноќ со изгрејсонце над Антарктикот

Велингтон, 9 октомври 2023 (МИА) - Мети Џордан живее во новозеландската истражувачка станица „Скот Бејз“ на Антарктикот, од каде што редовно објавува интернет-содржини што собираат милиони прегледи. Тој неодамна покажа и како изгледа полноќ над снегот на Антарктикот.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Matty Jordan Antarctica (@mattykjordan)

„Сонцето беше неверојатно убаво синоќа на полноќ. Нѐ делат само две недели од почетокот на поларниот ден, што значи дека зајдисонцата и изгрејсонцата наскоро ќе завршат... Наутичкиот самрак сега е најтемен. Или, со поедноставни зборови - сега е посветло на полноќ отколку напладне среде зима... Каква разлика прават два месеца!?“, напиша Џордан врз Инстаграм-видеото.

Инаку, поларниот ден, познат и како полноќно сонце, е природна појава што ја има на Северниот и Јужниот Пол на Земјата, кога Сонцето е видливо скоро 24 часа на ден. Во зависност од географската положба на местото, времето во кое Сонцето не заоѓа варира од 20 часа на првите напоредници до 186 дена постојана сончева светлост на самите полови. Спротивно на тоа, поларната ноќ е она кога Сонцето воопшто не изгрева.  си/паг/

Фото: Инстаграм

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан