• петок, 05 декември 2025

Полицијата лиши од слобода велешанец, во градот возел 109 километри на час

Полицијата лиши од слобода велешанец, во градот возел 109 километри на час

Велес,15 ноември 2025 (МИА) - На улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, вчера во 08:12 часот го лишиле од слобода 24 годишниот велешанец С.Ј. од Велес.

Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, при контрола на патниот сообраќај со радар полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 109 километри на час во населено место каде што максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час. ад/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан