• четврток, 04 јули 2024

Полицијата во Атланта застрела Афроамериканец в грб (видео)

Полицијата во Атланта застрела Афроамериканец в грб (видео)
Атланта, 14 јуни 2020 (МИА) - Полицијата во Атланта уби невооружен Афроамериканец, кој е застрелан в грб, покажуваат видео снимките од надзорните камери. https://www.youtube.com/watch?v=s_PpghZfbUs На снимката се гледа како Рајшард Брукс бега од полицијата, а потоа се врти со подигнати раце веројатно вперувајќи кон полицајците електрошок-пиштол. Во моментот кога полицаецот го застрелал, Брукс му бил свртен со грб. Полицаецот кој го уби 27-годишниот Брукс доби отказ, а новото убиство на Афроамериканец предизвика протести во Атланта. Инцидентот се случува во момент на големи тензии во американското општество по смртта на црномурестиот Џорџ Флојд во Минеаполис за време на полициско апсење. гт/ https://www.youtube.com/watch?v=1eGj4YRwv_U

Остани поврзан