• петок, 22 ноември 2024

Полицискиот час го прекршиле 46 лица, изречени 611 санкции за неносење маска (ВИДЕО)

Полицискиот час го прекршиле 46 лица, изречени 611 санкции за неносење маска (ВИДЕО)
Скопје, 21 април 2021 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека од синоќа, 20.00 часот, до утринава, 05.00 часот, 46 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 611 прекршоци, соопштуваат од МВР. Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19. ир/лв/

Остани поврзан