Во Велес поделени 2000 табли со јајца на лица во социјален ризик
- По повод претстојниот христијански празник Велигден денеска во Младинскиот парк во Велес беа поделени 2000 табли со јајца, а беше организирана и забава за најмладите.

Велес,13 април 2025 (МИА) - По повод претстојниот христијански празник Велигден денеска во Младинскиот парк во Велес беа поделени 2000 табли со јајца, а беше организирана и забава за најмладите.
Донацијата е од двајца велешани кои живеат и работат во САД, сопственици на компанија за камионски превоз на стока.
Таблите со јајца и кесичка со боја за фарбање беа наменети за лица во социјален ризик.
Хуматирантата акција се организира вторпат, а се одржа со благослов на Митрополитот Повардарски Агатангел.ад/лв/
фото: хуманитарна акција Велигден