• петок, 22 ноември 2024

Полициска акција во БиХ против организиран криминал

Полициска акција во БиХ против организиран криминал
Бања Лука, 16 ноември 2021 (МИА) - Повеќе од 10 лица се уапсени, а полицијата во Република Српска, кантонот Сараево и Тузла, врши претреси на повеќе од 20 локации во акција против организиран криминал. - Во тек е акција за сузбивање на организиран криминал во врска со кривично дело недозволено производство и трговија со наркотици, изјави директорот на полицијата на РС Синиша Кострешевиќ за Радио телевизија на Република Српска (РТРС). Како што пренесуваат локалните медиуми, станува збор за продолжение на акцијата од јули, кога беше уапсен Милош Божовиќ, кој е поврзан со шкаљарскиот клан и полицаецот Младен Миловановиќ. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан