• понеделник, 01 јули 2024

Полжави ги уништуваат градинарските култури во село Русиново

Полжави ги уништуваат градинарските култури во село Русиново

Берово, 17 август 2023 (МИА) - Жителите на беровското село Русиново повеќе години имаат проблем со полжави, но годинава имаат големи штети на градинарските производи - компирот, доматот, празот, лукот и кромидот.

Жителите велат дека појавата константно е забележлива во последните четири години, но последните  две години станала алармантна.

За да го решат проблемот порано ставале кеси со сол, но полжавите брзо се размножувале. Бараат од надлежните институции да извршат инспекциски надзор и да се најде соодветно решение. вс/свс/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан