• понеделник, 23 декември 2024

Покетино и Леонардо започнаа да работат на трансфер на Агуеро во ПСЖ

Покетино и Леонардо започнаа да работат на трансфер на Агуеро во ПСЖ
Париз, 30 март 2021 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро може да ја продолжи кариерата во Пари Сен-Жермен. Според „Todo Fichajes“, главниот тренер на парижаните Маурисио Покетино и спортскиот директор на клубот Леонардо започнале да работат на можна покана за 32-годишниот Аргентинец. Претходно, Манчестер сити објави дека играчот ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Во тековната сезона, 32-годишниот аргентински фудбалер одигра 14 натпревари на сите турнири, на кои постигна три гола. зс/

Остани поврзан