• понеделник, 28 октомври 2024

Пожар зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово

Пожар зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово

Берово, 27 октомври 2024 (МИА) - Пожар вечерва зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово. На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад.

Оттаму повеќе информации за обемот на пожарот и евентуалната причинета штета најавија во текот на вечерта.

Очевидци за МИА велат дека засега нема опасност од проширување на пожарот на околните објекти. вс/вг/


Фото: МИА

Остани поврзан