• сабота, 23 ноември 2024

Пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија, превентивно евакуирано село

Пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија, превентивно евакуирано село
Атина, 14 август 2021 (МИА) – Нов пожар избувна на грчкиот остров Евија, но во јужниот дел, а од локалното население од селото во близина на огнената стихија беше побарано превентивно да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина. Според противпожарната служба на Грција, пожарот се гаси од копно и воздух, а според медиумите од островот, интервенираат 24 пожарникари со 12 возила, четири хеликоптери, два авиони, но и волонтери. Силниот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите Преку бројот за итни случаи 112 беше испратена порака до жителите на Месохорија и побарано веднаш да се евакуираат. ср/

Остани поврзан