• петок, 28 јуни 2024

Пожар во ресторанот „Рагуза“ на покривот од катната гаража спроти управната зграда на „Макпетрол“

Пожар во ресторанот „Рагуза“ на покривот од катната гаража спроти управната зграда на „Макпетрол“
Скопје, 7 август 2021 (МИА) - Гори ресторанот „Рагуза“ сместен во катната гаража над „Тинекс“  во центарот на Скопје наспроти управната зграда на „Макпетрол“. Пожарот избувна доцна вечерва, а на терен веќе се присутни повеќе противпожарни возила меѓу кои и новото протипожарно возило со скала од каде пожарникарите го гаснат огнот. Според информациите од Противпожарната бригада на Град Скопје, не се знае колку возила се паркирани во катната гаража на чиј покрив се наоѓа ресторанот. Улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ е затворена за сообраќај и на неа се поставени повеќе противпожарни и полициски возила, како и возила на итната помош. вј/сп/

Остани поврзан