• понеделник, 23 декември 2024

Пожарот над дебарското село Гари целосно локализиран

Пожарот над дебарското село Гари целосно локализиран

Дебар, 18 август 2024 (МИА) – Откако вчера попладне  беше ставен под контрола, големиот пожар на планината Стогово, над дебарското село Гари, е целосно локализиран, потврди за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската Територијална противпожарна единица.
 
- Пожарот над селото Гари, на планината Стогово, вчера го ставивме под контрола, а денеска е целосно локализиран. Бидејќи врне дожд нема никаква опасност повторно да се разгори, рече Мифтароски.

Според него, опожарена е површина од над 75 хектари сува трева, ситно стеблеста, како и високо стеблеста шума.

Со пламените јазици четири дена се бореа дебарските пожарникари и вработените на дебарската подружница “Стогово” на ЈП „Национални шуми”.

Постоеше опасност пожарот да се прошири до селото Гари, а потоа и Осој, чии жители беа видно загрижени. вт/вг/

Фото: МИА 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан