• петок, 22 ноември 2024

Пожарот кај Русиново се шири кон месноста Безгашчево

Пожарот кај Русиново се шири кон месноста Безгашчево

Берово, 5 април 2024 (МИА) - Пожарот кој попладнето избувна во месноста Губенек, атар на село Русиново, продолжува да се шири кон месноста Безгашчево.

Екипите на ТППЕ Берово и Национални шуми кои го гаснат пожарот напоменуваат дека ситуацијата е опасна поради ветерот кој го проширува обемот на опожарените предели.

Во пожарот претходно командирот на единицата Сашко Руменовски, информираше дека е зафатена површина со мешана шума и сува трева.

Гаснењето како што додадоа учесниците во акцијата продолжува да се контролира се до целосно локализирање на пожарот. вс/лв/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан