• петок, 05 декември 2025

Пожарот во Марсеј под контрола, аеродромот останува затворен

Пожарот во Марсеј под контрола, аеродромот останува затворен

Марсеј, 9 јули 2025 (МИА) – Шумскиот пожар што ги зафати северозападните предградија на Марсеј ослабна во текот на ноќта, но се очекува аеродромот во вториот по големина француски град да остане затворен.

Жителите, на кои им беше наложено да останат во своите домови поради безбедносни причини, сега можат повторно да излегуваат.

„Пожарот во северниот дел на Марсеј е очигледно ставен под контрола, па од утринава 16-тиот округ повеќе не е под ограничувања“, напиша на „Икс“ градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан, повикувајќи ги граѓаните на максимална претпазливост поради работата на службите за итни случаи.

Локалните власти соопштија дека аеродромот ќе биде затворен за комерцијални летови за да се даде приоритет на воздушните ресурси, иако некои патишта може да се отворат за итните служби.

Сепак, стотиците жители кои избегаа од пожарот сè уште не можат да се вратат во своите домови.

Стотици пожарникари, поддржани од хеликоптери и авиони, се бореа со пламените јазици, разгорувани од ветрови со брзина до 70 км/ч, кои донесоа облаци од чад над јужниот крајбрежен град. Пожарот зафати 700 хектари, но нема извештаи за жртви, а стотици домови беа спасени, изјави префектот на регионот Буш-дю-Рон, Жорж-Франсоа Леклер. Министерот за внатрешни работи Бруно Рето изјави дека пожарот брзо се ширел. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан