• вторник, 05 ноември 2024

Пожарникарите од неколку европски земји и понатаму се на Евија и Пелопонез

Пожарникарите од неколку европски земји и понатаму се на Евија и Пелопонез
Атина, 14 август 2021 (МИА) – Противпожарните сили како од Грција, така и од европските земји кои испратија помош, остануваат на Евија и на Пелопонез за доколку е потребно да интервенираат при евентуални нови разгорувања на неодамнешните големи пожари, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарите веќе се изгаснати, а пожарникарите, со возила превентивно се на местата каде што гореше минатава седмица. Во северниот дел на Евија остануваат пожарникарите од Украина, Романија, Полска, Словачка и Молдавија, а во западниот дел на Пелопонез се противпожарните сили од Франција, Германија, Чешка и Австрија. ср/

Остани поврзан