• сабота, 23 ноември 2024

Поетска аптека за луѓе со психички проблеми

Поетска аптека за луѓе со психички проблеми
Лос Анџелес, 22 јануари 2020 (МИА) - Во малото британско гратче Шорпшајер, поетесата Дебора Алма реши да отвори поетска аптека, бидејќи верува оти при проблеми со психичкото здравје, ниту еден лек не е подобар од песните. Освен тоа, нејзината „установа“ издава песни со рецепт. Изминативе шест години, Дебора Алма ја водела „Службата за поезија за итни случаи“ низ училишта, фестивали и бројни настани, претставувајќи ги поемите како лек за психички заболувања. Таа својата мисија ја води со својот партнер, исто така, поет - Џејс Шерд. Идејата ја добила работејќи со луѓе со деменција, при што забележала дека некои поеми позитивно влијаат врз расположението на пациентот. си/гт/

Остани поврзан