• петок, 22 ноември 2024

Поевтинуваат моторниот бензин од 98 октани и екстра лесното масло за домаќинство

Поевтинуваат моторниот бензин од 98 октани и екстра лесното масло за домаќинство

Скопје, 17 март 2023 (МИА) – Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98  и Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два, односно 2,5 денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе изнесува 83,5, а на Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) 74 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 75,5 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС останува 39,779 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,214 отсто, кај дизелот за 1,569, кај екстра лесното масло за 1,616 и кај мазутот за 2,745 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка, пак, е понизок за 0,006 отсто. вј/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан