• петок, 05 декември 2025

Под контрола два пожари на отворен простор

Под контрола два пожари на отворен простор

Скопје, 2 август 2025 (МИА) - Податоците на Центарот за управување со кризи покажуваат дека во моментот во државава има два пожари на отворен простор кои се под контрола. 

Според ЦУК, под контрола се пожарот на планината Готен кон беровска страна каде гори бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација и пожарот кај селото Стровија во општина Долнени каде гори нискостеблеста шума. бак/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан