• петок, 22 ноември 2024

Подрачјето кај екваторот најнеповолно за турбуленции

Подрачјето кај екваторот најнеповолно за турбуленции

Перт, 28 мај 2024 (МИА) - За луѓето кои се плашат од летање, утеха е можеби приказната на австралискиот пилот Џими Николсон... Тој вели дека случаите на уривање се тажен, но многу редок настан.

Говорејќи за минатонеделниот лет „СК321“ од Лондон до Сингапур на авиокомпанијата „Сингапур ерлајнс“, каде што при падот имаше и загинато лице, пилотот тврди дека авионот „се спуштал контролирано“ и оти не паднал поради турбуленции. Неговото видео е прегледано повеќе од 1,2 милиони пати. Во него, Николсон говори и за тоа - каде во светот може да се очекуваат „најлоши турбуленции“, укажувајќи на екваторот како позната зона на конвергенција.

@jimmy_nicholson Singapore airlines flight SQ321 severe turbulence, what the media isnt telling you #SQ321 #pilot #turbulence ♬ original sound - Jimmy Nicholson

- Овде ветровите од северната хемисфера се спојуваат со јужната, често предизвикувајќи лошо време и турбуленции. „ИТЦЗ“ (Интертропска зона на конвергенција) се менува во текот на годината, вели тој.

Исто така, честопати тука се јавуваат „низи големи високи кумулонимбусни облаци“ коишто произведуваат грмотевици во ИТЦЗ. Но, како што појаснува пилотот, радарите и технологијата посочуваат каде точно се наоѓаат тие облаци, па и полесно се избегнуваат денес.  си/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан